Ве молиме, прочитајте ги овие Услови за користење пред да ја употребувате оваа Веб- страница. Со самото употребување на Веб-страницата потврдувате дека се согласувате со одредбите на овие Услови за користење. Ве молиме да не ја употребувате Веб-страницата доколку не ги прифаќате овие Услови за користење.

1. Употреба на Веб-страницата

K-POWER.MK дава право за користење, репродуцирање и преземање информации и содржини од оваа Веб-страница само за лична и некомерцијална употреба. Забрането е изменување и репродукција на содржината на оваа Веб-страница, како и нејзина употреба и/или дистрибуција за какви било јавни или комерцијални цели, без изрична согласност на K-POWER.MK.

2. Обесштетување

Информациите на оваа Веб-страница се претставени како такви без никакви гаранции во однос на достапноста, соодветност за одредена цел или ненарушување на правата на интелектуална сопственост. Обврските на K-POWER.MK во однос на услугите што ги нуди се утврдуваат единствено со договорите според кои тие се обезбедуваат или нудат и ништо на оваа Веб-страница не може да се толкува како амандман на таквите договори. K- POWER.MK не дава гаранции во врска со точноста и комплетноста на содржината, материјалите, софтверот или услугите на оваа страница. K-POWER.MK може во секое време, без претходна најава, да изврши промени во содржината, функционалноста или услугите на оваа Веб-страница или на производите, цените и достапноста објавени на неа.

3. Ограничување на одговорноста

K-POWER.MK или други трети страни спомнати на оваа Веб-страница во никој случај нема да бидат одговорни за каква било штета (вклучително, без ограничување, штети што произлегуваат од загуба на профит, загуба на податоци или прекинување на работењето) поради употреба, неможност за употреба на или резултати од употребата на оваа Веб- страница, без оглед на каква било гаранција, договор, погрешно однесување или друга причина и без оглед дали тие биле свесни за можна појава на таква штета. Доколку користењето на содржината или услугите на оваа Веб-страница резултира во потреба за одржување, поправка на опрема или корекција на податоци, трошоците поврзани со тоа се на Ваш товар.

4. Информации од корисниците

Сите материјали, информации или други комуникации („Комуникации“) што ги доставувате или објавувате на оваа Веб-страница не се сметаат за доверливи или заштитени со патент. K-POWER.MK нема никакви обврски во врска со оваа Комуникација. K-POWER.MK и лицата назначени од K-POWER.MK имаат право да ги користат Комуникацијата и сите информации во нивните секојдневни деловни процеси.

5. Промена на Условите за користење

Овие Услови за користење може да се менуваат во секое време од страна на K- POWER.MK со објавување на новата, изменета верзија на видливо место на Веб- страницата. Доколку не се согласувате со промените, треба веднаш да престанете да ја користите Веб-страницата. Употребувањето на Веб-страницата по извршените измени значи дека се согласувате со направените измени.