За Нас

К-ПАУЕР ДООЕЛ е специјализирана компанија за проектирање, изградба и одржување на фотоволтаични системи за производство на електрична енергија. Нашата компанија е единствениот официјален застапник за Македонија на познатиот турски бренд Elin, кој е еден од лидерите во производството на фотоволтаични системи. Ги фокусираме нашите напори на обезбедувањето рентабилни и економични извори на електрична енергија, како што се:

  • – Индустриски фотоволтаични системи за сопствена потрошувачка
  • – Фотоволтаични системи за продажба на електрична енергија
  • – Преносливи фотоволтаични системи
  • – Домашни фотоволтаични (соларни) системи
  • – Фотоволтаични решенија во зависност од индивидуалните потреби

Мисија

Нашата мисија е да работиме посветено во насока на практично внесување на нови, зелени технологии во областа на добивањето на енергија и да понудиме на македонскиот пазар квалитетни производи и целосно решение на сите компании и домаќинства, кои ја разбираат потребата и важноста на зелената енергија.

Визија

Веруваме дека малите чекори водат до големи промени. Ги негуваме вредностите на зелената енергија, и сме среќни да ја имаме можноста да работиме напорно во сектор, кој допринесува за благосостојбата не само на корисниците на зелена енергија, но и на природата и нејзините ресурси.


slika od solarni panel
slika od solarni panel
slika od solarni panel